EXIM системот презентиран на претставници од албанската царина

Од:

Претставници на Царинската управа на Република Македонија, предводени од директорот Ѓоко Танасоски, на царинска испостава Ќафасан, одржаа состанок со претставници на Царинската управа на Република Албанија, предводени од директорката Белинда Икономи.

Целта на состанокот, како што соопшти Царинската управа на РМ, беше запознавање на царинските службеници од Република Албанија со работењето на EXIM – електронски систем кој го користат 16 институции што имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење и претставува едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти.

EXIM системот овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволи од страна на надлежните институции, а Царинската управа на Република Македонија го воведе во 2008 година.

За време на состанокот, претставниците на Царинската управа на Република Албанија имаа можност да направат увид во градежните работи за изградба на нов терминал на ГП Ќафасан, што се планира во иднина да се користи од двете царински служби.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ