Евтината нафта создава добитници и губитници

Од:

ДПА – Хамбург

Графиконот кој го покажува движењето на цените на нафтата во последната година, личи на водна прскалка. За многумина падот на цените беше извор на задоволство, но други се загрижија за развојот на нивниот бизнис.

Нафтата поевтини под 40 долари за барел во декември 2015, во споредба со максимумот од над 100 долари во јуни 2014 година.

Да направиме преглед на начините на кои оваа тенденција изврши влијание врз луѓето, компаниите и државите во глобалната економија.

Оние кои добиваат

Потрошувачите. Сега кога горивата се поевтини, луѓето успеваат да заштедат пари. Во Германија дизелот на крајот на годината поевтини под едно евро за литар, а цената на мазутот го достигна шестгодишниот минимум.

– Поевтинувањето на нафтата е како големо намалување на даноците, вели Петер Брециншек, главен аналитичар во австриската „Рајфајзен банк“. Падот на цената на мазутот освен тоа ја одржа инфлацијата.

Индустриските производители. Економските сектори кои користат многу енергија или нафта ќе продолжат да профитираат, велат аналитичарите. Меѓу тие бранши се челичната индустрија и машинопроизводството, фармацевтските компании и производителите на хемикалии.

– Во меѓувреме, потрошувачите имаат повеќе пари за трошење за домашни предмети со долготрајна употреба, потенцира Брециншек.

Освен тоа, пониските цени на црното злато помагаат за одржување на ниски расходи во транспортот и во авијацијата.

Индустриски развиените економии. Европската унија, САД и други држави со развиена индустрија заштедуваат од евтиниот увоз на нафта и од силната побарувачка.

– Побарувачката станува пораспространета и се добива повеќе од потрошувачката, отколку од извозот, рече претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, поздравувајќи ги ниските цени на нафтата.

Германската економија, на пример, може да заштеди 20 милијарди евра (21,9 милијарди долари) од расходи за енергеитија за една година, посочува Клаудија Кемферт, главен експерт за енергија во Германскиот институт за економски истражувања со централа во Берлин.

Пазарните економии со забрзан раст. Новоиите пазари кои се големи увозници на нафта исто имаат бенефити. Такви земји се Кина, Индија и Турција.

Но, ваквата тенденција има и негативна страна.

– Ниската цена на нафтата го помага економскиот развој, но исто така врши притисок кон преодото кон алтернативни горива или кон зголемување на енергетската ефикасност, вели Кемферт.

Другите кои губат

Извозниците на нафта. Ценовниот пад им штети на земјите извозници на нафта, независно дали се богати или сиромашни. Добивките од нафтата стануваат се помали со цените на под 40 долари за барел. Најмногу страдаат производителите чии економии се особено зависни од нафтата, како Венецуела и Русија.

Големите богати извозници како Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив, всушност исто така се под голем притисок. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека девизните резерви во Саудиска Арабија од 660 милијарди долари, можат да се стопат за пет години.

– Важно е Владата да забрза со реформите, кои ќе го зголемат учеството на граѓаните во приватниот сектор и ќе ја диверзифицира економијата од нафтата, предупреди извршниот директор на фондот, Кристин Лагард.

Производителите на нафта од шкрилци во САД. Додека земјите од Заливот продолжуваат да учествуваат во пазарот со нафта, тие придонесуваат не само за намалување на цените, туку применуваат и стратегија на потиснување на американската нафта од шкрилци од пазарот.

Тој вид нафта се црпи од камен, наместо од нафтени извори и трошоците за нејзино производство се повисоки отколку во арапските земји.

– Производителите на нафта од шкрилци во САД ги намалија своите приходи и го намалија бројот на работници во 2015 година заради намалувањето на цените, стои во декемврискиот извештај на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), каде водечка улога има Саудиска Арабија.

Нафтените компании. Меѓународните енергетски гиганти конечно бележат пад на заработувачката и замрзнаа обемни инвестициски проекти. „Шел“ во септември објави дека ќе сопре со истраживачките сондажи на нафта на Аљаска. Таа одлука британско-холандската компанија ќе ја чини две милијарди долари.

Нафтените компании ги намалија за 20 проценти своите расходи за развој и производство во оваа година, посочува Меѓународната агенција за енергија.

Светската клима. Некои експерти предупредуваат дека евтината нафта го успорува развојот на нови технлогии, најмногу во секторите на автопроизводството и градежништвото.

Побарувачката на спортски автомобили со висока потрошувачка на гориво расте во земји како САД и Германија.

– Поевтината нафта води до неконтролирана потрошувачка и до погрешно сфаќање дека нафтата засекогаш ќе остане евтина, предупредува Кемферт.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот