Еврозоната и ММФ размислуваат за отпишување на долгот на Грција

Од:

Шефот на еврогрупата Марио Сентено изјави дека Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд на овонеделните состаноци во Вашингтон ги разгледуваат опциите за идно отпишување на долгот на Грција, но не размислуваат за никакво продолжување на спасувачката програма за Атина.

– Нема преговори за таквите прашања како што е продолжување на грчката програма. Грчките власти се многу фокусирани на излегување од програмата и тоа да заврши до август, истакна Сентено на маргините на пролетната седница на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

Претходно, во медиумите се појавија шпекулации дека Грција би можела да добие нова специјална кредитна линија од спасувачкиот фонд на еврозоната, откако на 20 август ќе излезе од актуелната програма.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он