Евростат: Само 7,9 отсто од Европејците се невработени

Од:

Стапката на невработеност во еврозоната во ноември се намали на 7,9 отсто, на најниско ниво во последните 10 години, покажуваат податоците на Евростат.

Во анализата на европската служба за статистика се наведува дека бројот на невработени во еврозоната во ноември е намален за 90 илјади лица, благодарејќи на што стапката на невработеност е намалена од октомвриските 8,0 отсто.

– Намалувањето на невработеноста носи олеснување, бидејќи покажува дека неизвесноста во поглед на економските перспективи и забавувањето на темпото на раст, сè уште не предизвикале застој во растот на вработеноста, тврди главниот економист на ИНГ банка Берт Колин, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија