Европскиот мировен фонд со зголемен буџет за две милијарди еврa

Од:

Плафонот за буџетот на Европскиот мировен фонд, преку кој се координира воената помош на ЕУ за Украина, ќе биде покачен за две милијарди евра во 2023.

Оваа политичка одлука денеска ја постигна Советот на ЕУ во рамките на дискусијата за финансиската одржливост на овој фонд.

ЕУ остава можност плафонот дополнително да се зголеми до 5,5 милијарди евра ако биде потребно.

За шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, ова е доказ дека ЕУ ќе може да обезбеди конкретна воена помош за војските на земјите партнери.

-За помалку од две години Европскиот мировен фонд ја докажа својата вредност, тој комплетно го смени начинот на кој им помагаме на нашите партнери во одбраната, рече Борел

Договорот треба да биде формално усвоен на почетокот на 2023 и да преставува “јасен политички сигнал“ дека ЕУ е трајно посветена да и помага воено на Украина и на други партнери. Меѓу нив се Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Мозамбик, Мали, Сомалија, Либан и други.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија