„Европската криза нема никаква врска со тоа што нема напредок во владината економска политика“

Од:

„Јасно е дека европската криза нема никаква врска со тоа што нема напредок во владината економска политика, дека Владата не ја исполнила законската обврска и не ја ажурирала Стратегијата за јавниот долг и дека Владата на премиерот Груевски продолжува да ги троши парите на граѓаните на лош начин и нетранспарентно. Иако во целина, извештајот е оценет како позитивен и препорачува подготвеност за преговори, непристојно е Владата да го оцени позитивно економскиот дел од Извештајот на Европската Комисија“, изјави Зоран Јовановски од СДСМ.

„Владата продолжува со практиката, да им се исплаќаат ад-хок исплати на службеници во јавниот сектор за задачи поврзани со работата без да се даде транспарентно објаснување. Продолжува трендот на регрутирање вработени на квантитивна основа без да се води доволно сметка за реалните потреби на институциите. И покрај законската обврска, Владата ги нема ажурирано ниту Програмата за јавни инвестиции, ниту фискалната стратегијата и стратегијата за јавниот долг за периодот 2012 – 2014 година. Уште повеќе, властите досега не го доставија „Фискалното известување“, што би ги презентирало податоците за централната државна власт во формат споредлив со стандардите на ЕУ“, вели Јовановски.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје