Еврогрупата очекува нови предлози од Грција

Од:

Откако Грците кажаа „не“ на референдумот, денеска треба да видиме како ќе најдеме решение, изјави шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум по пристигнувањето на состанокот на министрите за финансии на еврозоната.

Тој додаде дека пред состанокот на Еврогрупата, ќе се сретне со новиот грчки министер за финансии Еуклид Цакалотос, за да разговараат за предлозите на грчката Влада.

– Ќе одиме чекор по чекор. Ако грчкиот народ ги отфрли старите предлози, Еврогрупата очекува нови, кои може да се сметаат за веродостојни, рече Дејселблум и изрази надеж дека може да се најде решение.

Тој додаде дека еврозоната е подготвена да стори се што е потребно за да се зачува нејзината стабилност и затоа не може да има резултат кој ќе го доведе во прашање кредибилитетот на еврозоната.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент