ЕВН ќе ја зголемува енергетската ефикасност

Од:

Министерството за економија заедно со ЕВН Македонија започнува со реализација на платформа за енергетска ефикасност со која се очекува зголемување на свеста кај потрошувачите и поголема примена на енергетската ефикасност во домаќинствата и реалниот сектор.

Платформата опфаќа емитување на емисии за едукација на потрошувачите, обезбедување на техничка помош за малите и средни претпријатија преку организирање на обуки за примена на енергетската ефикасност, како и организирање на трибини на кои меѓу другото би се разгледале и можностите за финансирање на проекти за енергетска ефикасност.

– Фактите покажуваат дека со примена на принципите на енергетска ефикасност во градба се заштедува и до 30 проценти на годишни ниво. Годишната заштеда за домаќинствата е околу 1.000 евра, а во реалниот сектор заштедата на годишно ниво би била од неколку 100 илјади евра. На тој начин, компаниите ќе ја подобрат конкурентноста, продуктивноста и ефикасноста што е огромно значење во услови на криза, истакна денеска на прес-конференција министерот за економија Ваљон Сарачини.

Според него, со намалувањето на потрошувачката на електрична енергија граѓаните и компаниите ќе имаат заштеди во своите буџети, а од друга страна тоа би придонело и државата да биде помалку извозно зависна.

Статистичките податоци покажуваат дека потрошувачката на енергија во регионот е зголемена во споредба со количината на произведена енергија. Ова особено се однесува на Македонија.

Ваквата состојба, според претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст, укажува дека треба да се работи на промена на навиките на потрошувачите и на начинот на кој се користи енергијата во процесот на производство.

– Огромното зголемување на потрошувачката се рефлектира и на целокупниот енергетски систем. Ако потрошувачката расте несоодветно на вистинските потреби на потрошувачите и нивната способност да платат тоа негативно ќе се одрази на целокупниот енергетски систем. Енергетската ефикасност често се разбира како исклучување на електричните уреди во домот или канцеларијата, но тоа го правиме само тогаш кога тие уреди не ни требаат. Всушност, енергетската ефикасност значи добивање на ист ефект, односно живеење и работење со ист квалитет, но со помала потрошувачка на енергија, нагласи Хенгст.

Покрај оваа платформа, Министерството за економија има изработено и Стратегија и акциски план за енергетска ефикасност согласно кои доколку се преземат сите мерки и активности до 2018 година треба да се вложат околу 400 милиони евра, а заштедата би била околу 850 до 900 милиони евра.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите