Еуросуперот 95 и Еуродизелот поевтинуваат за половина денар по литар

Од:

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95  и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,71, односно за 0,74 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80, а на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 71 денари за литар. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, односно ќе се продаваат за 82 и 60 денари за литар како и досега.

Со одлуката на РКЕ за 0,855 дененари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 40,867 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,42 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,33 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски