„Еуркомпозит“ со в.д. директор, а протестите во мирување

Од:

Прилепската фабрика „Еурокомпозит“ доби вршител на должноста директор, а синдикатот на компанијата протестите ги стави во мирување до четврток до кога е најавено вработените да добијат плата.

Гоце Јагуриноски, вршителот на должноста директор на „Еурокомпозит“ изјави дека е назначен од Управниот одбор до одржувањето на акционерското собрание во втората половина на мај. Дотогаш тој ќе биде потписник на сметката и ќе може да се исплати плата.

– Од Управниот одбор сум назначен за вршител на должноста директор до одржувањето на акционерското собрание и до изборот на нов директор, по 21 мај. Ќе бидам потписник на сметката и да се исплати плата на вработените. Покрај тоа, ќе се следи и проблематиката која ја работи компанијата, заедно со производството и извозот. Разговарав со синдикатот и вработените кои сакаат прво да добијат плата, па да работат. ветувањето е до четврток да се исплати плата, па да продолжи процесот на работа. Прифатено е протестите да се стават во мирување до четврток, рече Јагуриноски кој беше дел од вработените кои штрајкуваа.

Според Јагуриноски постои надеж да се реши состојбата за шест месеци до кога е договорено со владата да се најде стратегиски инвеститор.

– Остануваат уште четири месеци и јас сакам да бидам оптимист за решението за компанијата. Едно од најбитните прашања за вработените е да се исплати заостанатото за пензискиот стаж. Во фабриката има само еден договор, склучен со МВР од пред три години. Според тоа, треба да се сработи и да се испорача. Малку има работа и во цивилното производство, вели Јагуриноски.

За Јагуриноски решение треба да се бара во два правца.

– Едното е склучување договори со двете министерства, МО и МВР, да ги опслужува, а другото, да се намали бројот на вработените како технолошки вишок, а останатите да бидат сервис за потребите на институциите, смета Јагуриноски.

Синдикатот на „Еуркомпозит“ потврдува дека протестите се во мирување до четврток и ако не се исплати плата, в петок продолжуваат соп блокади на патиштата.

Би можело да ве интересира

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“

Ана Ололовска

Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години

Ана Ололовска

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат да им се платат заостанатите придонеси и најавуваат протести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“, Златко Гроароски, за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Ана Ололовска

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Ана Ололовска