Странските донации ќе бидат најмногу погодени од новиот буџет на Европската Унија, предупредуваат невладините организации пред новиот самит.
Првите разговори за буџетот на ЕУ од 2014 до 2020 година започнаа во ноември минатата година кога британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека ЕУ треба да почне да живее „во вистинскиот свет“ преку препознавање на потребата од стеснување на финансискиот појас со намалување на националните мерки. Портпаролот на британскиот министер, пред почетокот на вториот самит за буџетот, рече дека Англија смета дека се уште треба намалување на прелогот на Европската комисија од 765 билиони евра.
Според најголемите области на трошење, фондови за посиромашните региони во ЕУ и агрокултурата, намалувањето најверојатно ќе го погоди предлогот за развоен трошок од 51 билион евра.
Генералниот секретар на групата за земјите од Африка, Карибите и Пацификот, Мохамед Ибн Чамбас, во ноември рече дека предложените буџетски кратења на ЕУ донациите би значело дека богатите држави нема да го исполнат интернационалниот договор за помагање на сиромашните според милениумските цели за 2015 година.
„Нашите партнери се уште треба да ги испочитуваат нивните обврски од 0,7 проценти од нивниот буџет за помош за развој. Има нови светски предизвици како климатската промена, обезбедување на храна, пристап до енергија и овозможување мир и стабилност во општества со сериозен политички пресврт, кој бара глобална светска акција“, рече Чамбас.
Донациите за хуманитарност и развој на ЕУ се едни од најефикасните, влијателните и транспарентни во светот. Тие во последните три години спречија 50 милиони луѓе во повеќе од 50 држави да прегладнат. Лидерите мора да прекинат да ја користаат оваа област за спогодба во разговорите неделава“ рече Бен Џексон, директорот на Бонд, мрежа на британски НВОи.
Според анкета од октомври минатата година, 85 проценти од граѓаните на ЕУ велат дека Европа треба да продолжи да им помага на земјите во развој покрај економската криза, а 61 процент велат дека треба да се зголеми буџетот за донации.