ЕСМ Продажба потпиша договор за набавка на природен гас за април 2023 со Макпетрол

Од:

ЕСМ Продажба донесе одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април 2023 година за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена од 53,60е/MWh, а добавувач ќе биде фирмата Макпетрол.

На јавниот повик кој беше објавен на 20 март 2023 година и кој беше достапен за сите домашни и странски компании регистрирани за дејноста, како што се наведува во соопштението од ЕСМ Продажба, се побаруваше испорака на 500 MWh до 1800 MWh количини гас дневно.

-На повикот пристигнаа две понуди. Конечните финансиски понуди без ДДВ, изразени во фиксни цени како што се бараше во повикот, беа следните: Макпетрол АД – Скопје понуди крајна фиксна цена од 53,60 е/MWh и Balkan Utilities од Р. Бугарија понуди крајна фиксна цена од 53,70 е/MWh, се додава во сопштението.

Со оглед на тоа што најниска фиксна цена понуди фирмата Макпетрол, како што посочуваат од ЕСМ Продажба, донесена е одлука за избор на Макпетрол за добавувач на природен гас за април.

-Со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Република Северна Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во април ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, се истакнува во соопштението.

Од ЕСМ Продажба посочуваат дека и во овој четврти по ред јавен повик се задржани истите услови и како носител на набавката за природен гас за месец април, сегашниот добавувач ќе обезбеди и гаранција, што е услов во јавниот повик, како што имаа обезбедено гаранција и претходните добавувачи за изминатите месеци.

-На крај, за нас како државни институции е професионално задоволство сознанието дека реалната либерализација на пазарот од 1 јануари, доведе до конкуренција на пазарот со снабдување со природен гас, што очигледно резултира со намалување на цените и ставање крај на плаќањето одредена цена диктирана од постоењето на само една понуда, се наведува во соопштението ЕСМ Продажба.

Би можело да ве интересира

ЕСМ Продажба објави повик за снабдување со природен гас за март

Катерина Ѓуровски

Од први декември сите пријавени кои ги исполнуваат условите ќе добиваат струја од „ЕСМ Продажба“

Ана Ололовска