Ердоган: Турскиот извоз достигна историски максимум од 254,2 милијарди долари

Од:

Извозот на Турција достигна историски максимум од 254,2 милијарди долари во 2022 година, објави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, повикувајќи се на прелиминарни податоци, јави агенцијата Анадолија.

– И покрај глобалните предизвици, бројката се зголеми за 12,9 отсто во однос на претходната година, рече Ердоган при објавувањето на податоците за надворешната трговија за 2022 година.

– Нашата цел е да обезбедиме Турција да го заземе своето место меѓу првите 10 земји извозници во светот, рече тој.

Турскиот претседател истакна дека извозот на Турција во ту рски лири минатата година достигнал речиси 350 милијарди турски лири (19 милијарди долари).

– Бројот на земји и региони во кои извезуваме со нашата национална валута достигна 197, додаде Ердоган.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел