„Ер Њу Зиланд“ трета година по ред е најдобра авиокомпанија во светот

Од:

Авиокомпанијата „Ер Њу Зиланд” од Нов Зеланд трета година по ред ја освојува титулата најдобар авиопревозник во светот.

На компанијата, чие седиште е во Окленд, наградата му ја додели „Airilinerating.cом“, сајт што се знаимава со оценување на услугите на авиокомпаниите.

Наградата на оваа компанија и е доделена заради нејзината посветеност кон заштитата на животната средина, рекордните финансиски биланси, мотивираниот персонал и високиот степен на оперативна безбедност.

„Ер Њу Зиланд“, исто така, го освои првото место во категориите премиум-класа и бизнис-класа.

На второ место се најде австралиската компанија „Квантас ервејс“, додека третото место му припадна на „Етихад“ од Обединетите Арапски Емирати, пишува „Дејли мејл“.

Еве ја целосната листа на 10 најдобри авиокомпании на светот:

1. Ер Њу Зиланд
2. Квантас
3. Етихад
4. Катеј Пацифик
5. Сингапур ерлајнс
6. Емирати
7. ЕВА ер
8. Вирџин Атлантик (Вирџин Австралија)
9. Ол Нипон ервејс
10. Луфтханза.

Би можело да ве интересира

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски