Елези: Со помош на Светска банка ќе се модернизира земјоделството и административните услуги на социјалното осигурување

Од:

Проект за модернизација на земјоделството во вредност од 50 милиони евра, како и проект за администрирање на социјалното осигурување во вредност од 13,8 милиони евра ќе се реализираат во рамки на четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези пред Собранието ги образложи законите со чие усвојување се овозможува финансирање на овие проекти.

-Проектот за модернизација на земјоделството ќе придонесе за подобрување на квалитетот на земјоделските производи и воведување стандарди во земјоделското производство, со што ќе се зголеми вредноста и конкурентноста на земјоделските производи на меѓународните пазари, ќе се воспостави систем за безбедно отстранување нуспроизводи од животинско потекло, ќе се зајакнат институционалните капацитети, во насока на планирање врз основа на докази, мониторинг и евалуација на програмите за земјоделство и рурален развој, потоа ќе се зајакнат институционалните капацитети за подобро искористување на Европските фондови и ќе се воспостави систем за управување со државното земјоделско земјиште – истакна Елези.

Проектот ќе го имплементира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое ќе воспостави и одржува Единица за имплементација на проектот (ЕИП), која ќе биде одговорна за реализација на проектот.

Вкупниот износ на проектот е 50 милиони евра, од кои 46 милиони евра се заем од Светска банка, а 4 милиони евра се грант од ЕУ.

-Проектот за администрирање на социјалното осигурување ќе го унапреди квалитетот на услугите во администрирањето на социјалното осигурување и тоа преку воспоставување единствен централизиран регистар за социјално осигурување и унапредување и модернизирање на деловните процеси на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, сѐ со цел на осигурениците во првиот столб да им служи поефикасно и поефективно“, потенцира Елези, образложувајќи го Законот за задолжување на РСМ со заем кај СБ по Договор за заем за финансирање на проектот за администрирање на социјалното осигурување.

Проектот ќе го имплементира Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска