Елези на конференција на УНКТАД: Преку зголемување на трансапарентноста до подобро управување со јавниот долг

Од:

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези на 12-тата Конференција на УНКТАД за управување со долгот ја истакна посветеноста и напредокот на Република Северна Македонија во транспарентноста на податоците за јавниот долг.

На конференцијата беше посветено големо внимание на улогата на транспарентноста како значаен фактор за зајакнување на управувањето со долгот и превенција на финансиски кризи. Постои широк консензус дека транспарентноста е клучна за спречување на должнички кризи во иднина преку олеснување на мониторингот и зајакнување на одржливоста на долгот. Беа презентирани најновите иницијативи на меѓународните институции за подобрување на транспарентноста на јавниот долг, особено расположливоста, квалитетот и опфатот на податоците за јавниот долг. Исто така, потенцирана беше и важноста на системите за рано предупредување, унапредувањето на капацитетите за управување со долгот, како и зајакнувањето на политиките со цел подобро да се адресираат тековните и идните предизвици.

Министерството за финансии на квартална основа ја објавува состојбата на јавниот долг, каматната и валутната структура на државниот долг, додека со Годишниот извештај за управување со јавниот долг се објавуваат детални податоци за карактеристиките на должничкото портфолио, преземените мерки за негово ефикасно управување, како и остварувањата на лимитите утврдени со политиката на управување со јавниот долг.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, кој се донесе во мај 2019 година, се прошири дефиницијата за јавниот долг преку вклучување на негарантираниот долг во опфатот на јавниот долг, за разлика од претходниот период кога јавниот долг го опфаќаше државниот долг и гарантираниот долг на јавните претпријатија. Почнувајќи од вториот квартал од 2019 година, состојбата на јавниот долг се објавува согласно проширената дефиниција.

Дополнително, со измените на Законот за јавен долг, Стратегијата за управување со јавниот долг ќе се издвои како посебен документ, и на тој начин јавноста подобро ќе се запознае со политиката на управување со јавниот долг за следниот среднорочен период.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска