Експерти: Цената на нафтата ќе падне на 10 долари за барел

Од:

Цената на нафтата ќе падне на 10 долари за барел поради револуцијата која ја носат електричните возила, предупредуваат експертите.

Извршниот директор на „Лонгвју економикс“ Криз Ватилинг призна дека клучно за пазарот на нафтата во следниот период ќе биде Иницијалната јавна понуда (ИПО) на саудиската компанија „Сауди Арамко“.

На прашањето што ќе се случува потоа, тој одговори: – Мислам дека треба да се замине што побрзо, пред нафтата да падне на 10 долари за барел.

Вателинг вели дека долгорочно гледано, она што се случува со електричните возила е навистина важно, бидејќи во моментов 70 отсто од нафтата се користи за превоз.

– Цената на нафтата може да падне на само 10 долари за барел во следните шест до осум години, додека алтернативните извори на гориво продолжуваат да привлекуваат се повеќе инвеститори, истакна Ватлинг.

– Забораваме, зарем не? Пред 120 години не бевме зависни од нафтата. Нафтата не ја влечела отсекогаш светската економија. сега нештата се менуваат, оценува овој експерт.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот