Економско-социјалниот совет прифаќа недела да е неработен ден, но да има исклучоци

Од:

За одлуката недела да биде неработен ден и како таа да се преточи во законско решение денеска разговараше Економско-социјалниот совет со кој претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Со цел да се слушнат сите мислења и ставови на присутните членови од Сојузот на синдикати на Македонија, Организација на работодавачи и владините претставници се отвори широка дискусија на која беа слушнати различни мислења во однос на ова прашање.

Од Министерството информираат дека од Економско-Социјалниот Совет – одлуката недела да биде неработен ден е позитивно оценета.

„Но, исто така се констатираше и дека исклучоци од оваа одлука треба да има и да се однесува на оние дејности кои се оценети како работа во специфичен работен процес, односно нивното функционирање не смее да застане. Тука беа посочени индустриите и производството кое мора да има континуитет и дејностите кои се од витално значење за граѓаните, како здравството, полицијата, противпожарната служба и други“, се наведува во соопштението.

Со оглед на тоа дека се работи за комплексно прашање, велат од МТСП, изминатите денови беа направени бројни средби и консултации со сите засегнати чинители во процесот со цел изнаоѓање најприфатливо решение кое ќе биде резултат на заеднички договор.

Министерката Шахпаска посочи дека разговорите продолжуваат и следните денови, но се очекуваат и дополнителни анализи кои ќе придонесат во изработка на првична драфт-верзија, по која повторно ќе се направат консултации.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана