ЕК: Во април подобрена довербата на европските потрошувачи

Од:

Довербата на потрошувачите во Европската унија и еврозоната се подобри во април, трет месец по ред, и покрај делумното затворање во некои земји во борбата против пандемијата на коронавирусот, покажаа проценките на Европската комисија.

Прелиминарниот индекс на довербата на потрошувачите во Европската унија во април се зголеми за 3,1 поени во споредба со март, на минус девет поени.

На тој начин се приближи до нивоата пред пандемијата и го надмина долгорочниот просек, што е минус 10,6 поени.

Во февруари 2020 година, непосредно пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, изнесуваше минус 5,8 поени.

Довербата на потрошувачите во економијата на 19-члената еврозона, исто така значително се подобри, со пораст на индексот за 2,7 поени до минус 8,1 поен, покажуваат прелиминарните пресметки на ЕК.

Неговата вредност исто така е највисока од февруари минатата година кога изнесуваше минус 6,4 поени. Исто така, го надмина долгорочниот просек од минус 11,1 поени.

Анкетата меѓу потрошувачите е спроведена од 1 до 22 април, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани