ЕК: Македонската економија годинава со раст од 4 отсто, а наредната 3,9

Од:

Северна Македонија годинава ќе забележи економски раст од 4 отсто, а во 2022 од 3,9 проценти, предвидува Европската комисија во есенската макроекономска прогноза за земјите членки на ЕУ и државите кандидати.

ЕК оценува дека економското закрепнување на Северна Македонија бележи добар напредок, а домашната и странската побарувачка се зголемуваат. Напредокот се очекува постепено да продолжи и во 2022 и 2023 година, врз основа на зголемувањето на домашната потрошувачка и побарувачката од странство.

Реалниот раст на БДП се предвидува просечно да биде 3,9 отсто во периодот од 2021 до 2023 година. Закрепнувањето на јавните финансии веројатно ќе биде подолготрајно од претходно очекуваното. Потребите за финансирање за амбициозните нови планови за јавни инвестиции на Владата и продолжената имплементација на антикризните мерки веројатно ќе повлечат одржливи високи нивоа на фискален дефицит, се вели во есенската економска проекцијата на ЕК за Северна Македонија.

Како ризици за позитивните изгледи за раст се наведени продолжувањето на пандемијата на Ковид-19 забавувањето на темпото на вакцинација и евентуалните дополнителни рестриктивни мерки. Продолженото нарушувањето на синџирите на снабдување може да влијае негативно на очекувањата за извозот. За да се зајакне фискалната одржливост, Владата ќе треба внимателно да ги прилагодува постепеното повлекување на фискалната кризна поддршка и спроведувањето на својата амбициозна инвестициска агендата. Фискалното сценарио треба да предвиди брзо спроведување на мерки за подобрувања на фискалното управување и во управувањето со јавните инвестиции.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Европа подготвува контрамерки за американските царини

ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Горан Наумовски

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата