ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

Од:

Со цел да се поддржи процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) за шесте земји од Западен Балкан и Молдавија и за да се обезбеди форум за размена и координација на активностите, Европската Комисија, односно Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при ЕК, формираше Управувачки Комитет предводен од Герт Јан Копман, генерален директор на Директоратот.

Во работата на Комитетот учествуваат и Џон Бериган, генералниот директор на Директоратот за Финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на капитални пазари, гувернерите на централните банки од регионот, претставници на релевантни институции од Европската Унија (ЕК, Европската централна банка, Европскиот совет за плаќања), како и Светската банка, кои имаат важна улога во процесот на интеграција и имплементација на СЕПА во регионот.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на состанокот на Комитетот истакна дека со оглед на направените регулаторни измени и високиот степен на усогласеност на нашата регулатива со европската во областа на банкарството, платежните услуги и спречувањето на перење на пари, очекува дека нашето барање за членство ќе биде наскоро одобрено од Европскиот совет за плаќања.

Притоа, истакна дека за да граѓаните ги почувствуваат придобивките од СЕПА, клучно ќе биде банките оперативно да се подготват и да се приклучат кон европскиот платежен систем, по одобрувањето на нашата апликација. Народната банка ќе обезбеди целосна регулаторна поддршка на банките во овој процес.

Членството во СЕПА е еден од приоритетите дефинирани во Планот за раст на земјите од Западен Балкан на ЕК бидејќи се очекува да овозможи пристап на банките од Западен Балкан до европските платежни системи, а со тоа и поефикасни, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите.

Би можело да ве интересира

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со гувернерката Ангеловска-Бежоска: Се очекува ценовна и финасиска стабилност

А1он

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Ангеловска-Бежоска: Очекуваме постабилен економски амбиент во 2025 година

А1он

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он