ЕДС со нова летна промоција – повеќе енергија за помалку пари!

Од:

ЕДС, како еден од водечките снабдувачи со електрична енергија во земјата и дел од регионалната енергетска групација PPC, ја најавува својата нова летна промоција наменета за малите и средни претпријатија, со два тарифни модели што одговараат на различните потреби на деловниот сектор.

Со цел подобро прилагодување на различните деловни модели, ЕДС лансира два нови тарифни модели, креирани за да понудат или максимална флексибилност, или долгорочна финансиска сигурност – според тоа што најмногу одговара на потребите на клиентот.

Тарифниот модел ,,Без обврски” нуди флексибилност и е идеален за динамичните бизниси по единствена фиксна цена. Клиентите добиваат слобода да го продолжуваат договорот од месец во месец и да го раскинат со 15-дневно известување, со целосна транспарентност и без скриени трошоци. Другиот тарифен модел во понудата е најдоброто решение за компании што сакаат сигурност и долгорочно планирање на трошоците. Со договор на 12 месеци, бизнисите добиваат стабилна цена, предвидливост и заштита од пазарни флуктуации – важен чекор кон подобро буџетирање и зголемена ефикасност.

Во време кога секоја деловна одлука мора да биде стратешка, изборот на снабдувач со електрична енергија не треба да биде исклучок. Со новата летна понуда, ЕДС не само што нуди поволни тарифни модели, туку и целосна поддршка во градењето енергетска стратегија прилагодена на реалните потреби на клиентите.

Би можело да ве интересира

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 13 март 2026 изнесува 105,96 евра за мегават час, на МЕМО 97,40 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 06 март 2026 изнесува 113,69 евра за мегават час, на МЕМО 97,18 евра за мегават час

Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на сметките?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026