ЕДС, како дел од PPC Групацијата: Стабилен партнер за македонските компании во време на енергетска неизвесност

Од:

ЕДС, поддржани од најголемата енергетска групација во Југоисточна Европа – што значи ова за клиентите?

ЕДС, како дел од PPC Групацијата: Стабилен партнер за македонските компании во време на енергетска неизвесност

Во денешната нестабилна енергетска средина, стабилноста и стратешките партнерства се клучни. Како дел од PPC Group — најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа — ЕДС е подготвена да обезбеди зголемена вредност за своите клиенти, особено за малите и средни претпријатија кои се соочуваат со зголемени трошоци и променливи енергетски барања.
Главниот извршен директор, Александар Сарџовски ја објаснува директната корист од тоа што ЕДС е дел од PPC Групацијата за бизнис заедницата:

„Нашите клиенти добиваат сигурен снабдувач, конкурентни пазарни цени и поддршка во подобрување на енергетската ефикасност. Дополнително, како дел од PPC Group, нудиме зелени енергетски сертификати и решенија за одржлива потрошувачка, што им овозможуваат на компаниите да бидат поефикасни и да ги исполнуваат најновите европски регулативи за енергетска транзиција,“ вели Сарџовски.

Ова партнерство овозможува пристап до прилагодени решенија за снабдување со електрична енергија, напредни дигитални алатки и сигурна услуга поддржана од група со над 12,3 GW инсталиран капацитет и 8,8 милиони корисници низ регионот.

Под новото раководство, ЕДС веќе промовираше нова палета пакети за снабдување со електрична енергија, специјално креирани за потребите на македонските компании. Овие понуди имаат цел да донесат стабилност, конкурентни цени и персонализирана поддршка — сѐ тоа во функција на поефикасна и одржлива енергетска иднина.

За компаниите што сакаат да ги заштитат своите операции од идни шокови, ЕДС — со поддршка од PPC — претставува сигурен партнер со јасна визија и реална моќ за промена.

Би можело да ве интересира

Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на сметките?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

ЕДС инфо поинт

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 30 јануари 2026 изнесува 136,38 евра за мегават час, на МЕМО 102,19 евра за мегават час

А1он

Како да го промените снабдувачот на електрична енергија за Вашата компанија и да заштедите до 40 % на сметката?