ЕЦБ: Зголемениот број ризични инвестиции се заканува да ја уништи стабилноста на еврозоната

Од:

Зголемувањето на цените на недвижностите и финансиските пазари, преземањето инвестициски ризици и зголемениот број заеми се закануваат да ја поткопаат стабилноста во еврозоната, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ).

Додека економското закрепнување по кризата со коронавирусот имплицира компромисни решенија, има се повеќе ранливи точки чие акумулирање потенцијално би имало тешки последици на долг рок, се вели во соопштението на банката со седиште во Франкфурт.

Еврозоната, која вклучува 19 земји, нагло закрепнува од последниот финансиски извештај на ЕЦБ во мај. Нејзиниот пазар на капитал, во меѓувреме, почна да се насочува нагоре, преземајќи ризични сектори поради зголемената побарувачка на инвеститорите, пишува Блумберг.

ЕЦБ нагласува дека ризиците растат на полето на недвижностите, особено во земјите каде што цените беа високи и пред пандемијата.

Според нив, пазарот е „поподложен на корекции“, а предупредуваат и дека инвестициските фондови, пензиските фондови и осигурителните компании потенцијално ќе се соочат со „значителни загуби од кредитите“ доколку инвестираат во компании со понизок корпоративен рејтинг.

Економското закрепнување по пандемијата на вирусот Ковид-19 е стабилно. Ризикот дека нефункционалните заеми и банкарските загуби ќе се зголемат значително се намали, а ниските каматни стапки ја намалија загриженоста за долгот, соопшти ЕЦБ. Главната закана за економското закрепнување останува пандемијата.

Надвор од Европа, несигурноста во Кина е поттикната од забавувањето на растот, што се случува без оглед на проблемите предизвикани од долговите на Евергранд, се вели во извештајот на ЕЦБ.

Би можело да ве интересира

ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната

Ана Ололовска

ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас

Ана Ололовска

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он

ЕЦБ: Можно е банките да бидат цел на руски кибер напад

Ана Ололовска

Анкета на Европската централна банка: Експертите ја зголемуваат проценката за инфлацијата во еврозоната во 2022 година

А1он