Во Европската централна банка се водат дискусии за запирање на програмата за „квантитативно олеснување“ во рамките на која ЕЦБ купи акции и обврзници вредни 2,5 трилиони евра во зиминатите три години.
Програмата досега беше продолжувана повеќе пати, и доколку нема ново продолжување, треба да истече на крајот на септември. Со оваа инфузија на средства од ЕЦБ директно на европските берзи, се смета дека европската економија се заштити од последиците на грчката должничка криза.
Според Ројтерс, одлуката што да се прави понатаму со оваа клучна финансиска програма ќе биде донесена во јуни или во јули, релативно доцна во однос на крајниот рок во септември. Одлуката, според агенцијата, не може да се донесе порано бидејќи Европската централна банка не може да предвиди како ќе се развива состојбата со најавеното американско воведување на царини за разни производи.