ЕЦБ повеќе нема да прима грчки државни обврзници

Од:

Европската централна банка соопшти дека донела одлука да ги лиши грчките банки од еден од нивните извори на финансирање, што може да резултира со финансиско задушување на Грција.

Одлуката за таквиот прекин е донесена синоќа од управниот совет на банката, се наведува во соопштение на ЕЦБ објавено неколку часа откако новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека имал конструктивен и плоден разговор со претседателот на ЕЦБ Марио Драги.

ЕЦБ објави дека повеќе нема да прима грчки државни обврзници или гарантирани од владата обврзници како гаранција за доделување на кредити.

Новата грчка влада ги отфрли условите за строги мерки за штедење, со кои се обврзани спасувачките заеми на земјата. Сега владата на Ципрас се обидува брзо да постигне нов договор, со цел да се избегне запаѓање во неликвидност и евентуален излез од еврозоната.

Одлуката на ЕЦБ да ги лиши грчките банки од еден од нивните извори на финансирање, нема да се одрази негативно врз финансискиот сектор во земјата. Тој останува целосно заштитен, благодарение на други достапни канали за ликвидност, соопшти грчкото министерство за финансии.

Грчкото министерство за финансии објави дека одлуката на ЕЦБ ја става под притисок Еврогрупата да постигне побрз напредок кон постигнување на заемен договор меѓу Грција и нејзините партнери за иднината на грчкиот долг и економските реформи во земјата.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот