Дигиталните валути не се соодветна замена за конвенционалните пари, кои ги издаваат и зад кои стојат централните банки, изјави членот на Управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Јенс Вајдман.
Според Вајдман, крипто валутите, каква што е биткоинот, не се добро платежно средство, бидејќи нивната вредност се менува многу брзо,
– За стабилен монетарен и финансиски систем не ни се потребни крипто токени, туку централни банки кои имаат обврска да ги стабилизраат ценуте, како и ефиканса банкарска регулатива. Ние во Еврозоната го имаме и едното и другото, изјави Вајдман, кој е гувернер на германската централна банка.