ЕЦБ го задржува сегашното ниво за итни заеми на грчките банки

Од:

Управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска го задржа сегашното ниво на итни заеми за грчките банки ЕЛА, јави портпарол на ЕЦБ.

Таванот на овие кредити останува непроменет, истакна портпаролот на ЕЦБ неколку часа по информациите дека е постигнат принципиелен договор меѓу Атина и нејзините кредитори.

Од 26 јули заемите ЕЛА, кои се последниот извор за финансирање на грчките банки, беа определни на максимум од 89 милијарди евра.

Соочена со ризик од неуспех на преговорите меѓу грчката влада и партнерите, ЕЦБ одлучи на 6 јули да го задржи нивото на итни кредити и да ги заостри условите за нивно доделување.

Управниот совет на ЕЦБ се состанува во Франкфурт во среда и четврток на редовни средби за монетарната политика.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он