Европската централна банка (ЕЦБ) вчера ги зголеми проценките на економскиот раст во еврозоната за идните две години, но повтори дека ќе ги следи мерките за поттик се додека тоа биде потребно во контекст на предвидувањата за инфлацијата во 2020 година да биде под целното ниво.
ЕЦБ ги ревидираше проценките за раст и сега очекува економијата на еврозоната да порасне за 2,3 проценти следната година, што е за половина процент повеќе од проценетата во септември.
Прогнозата за 2019 подигната е за 0,2 проценти на 1,9 отсто.