Џамбазовски: Македонија е безбедна дестинација за странските туристи

Од:

Македонија и Бугарија треба да ја разгледаат можноста за создавање заеднички туристички пакети кои ќе им бидат понудени на туристите од земјите на Блискиот Исток, Северна Африка и Азија, вели директорот на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски во интервју за бугарскиoт информативен интернет сајт „Дневник.бг“.

Според него, бугарскиот тур-оператори веќе покажале интерес за оваа идеја што би била корисна за целиот регион, кој може да се претстави како една дестинација.

Бугарија како туристички пазар, вели Џамбазовски, е голем потенцијал за македонскиот туризам. Бугарските граѓани се меѓу петте најбројни странски туристи во Македонија, по Турците, Грците, Србите и Холанѓаните. Бројот на бугарски туристи лани се зголемил за 27 отсто, а најчеста нивна дестинација е Охрид, но се повеќе имаат интерес и за Скопје, Крушево, Дојран, Преспа, Галичица и Пелистер.

Македонија, нагласува директорот на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот, и покрај актуелната политичка криза и неодамнешните случувања во Куманово кои беа изолиран инцидент, е сигурна земја за странските туристи.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ