Дурмиши: Ќе има дебата за трошоците за живот и минималната плата

Од:

Просечната потрошувачка кошничка што Владата веќе ја изготви, но сè уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите ќе биде меѓу точките од дневниот ред на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

– Просечната потрошувачка кошничка веќе беше ставена на дневен ред на ЕСС, но одговор – предлози, забелешки, сугестии од другите две страни, работодавачите и синдикатите, сè уште немаме. На оваа седница, што ќе се одржи на 2 март, повторно ќе ја ставам на дневен ред за да ја дискутираме. На крајот, кога ќе ја финализираме, ќе биде објавена пред јавноста потрошувачка кошничка која ќе се базира на реалните податоци од релевантните институции. Нема да имаме некоја потрошувачка кошничка направена од некој професор или од некои луѓе што не се релевантни, односно не се проверени од институциите. Да не им сееме магла на граѓаните, туку реално да знаат колку пари треба да има едно четиричлено семејство за да помине еден месец – рече Дурмиши.

Тој потсети дека Владата досега многупати зборувала за синдикалната кошничка и ги кажала своите забелешки.

– На пример, тие ги објавуваат податоците 10 дена пред да заврши месецот, ги земаат предвид највисоките цени на прехранбените производи, ги пресметуваат и трошоците за кирија. Според пописот во 2021 година, 90 отсто од нашето население живее во сопствен дом – нагласи министерот.

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, го повтори ставот дека Владата ќе го поддржи секое решение што ќе го договорат работодавачите и синдикатите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Трајчулески: Минималната плата од 600 евра е прашање на достоинствен живот, не само бројка

На собраниска комисија не помина Предлог-законот за минималната плата

(ВИДЕО) Битиќи: Минималната плата од 600 евра не е привилегија, туку право на работниците