Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50 милиони евра.
Станува збор за две аукции на државни хартии од вредност и една аукција на држвни записи, со кои треба да се обезбедат пари, кои ќе се враќаат во следните година, 3 години и 15 години, со каматни стапки од 0,90%, 1,50 и 2,90%.
Веќе утре државата треба да ја врати истата сума, за да ги покрие достасаните побарувања. Државниот долг, според Министерството за финансии заклучно со првото полугодие изнесувал 5,14 милијарди евра, или 47,7% од БДП, а јавниот долг е 4,3 милијарди евра или 39,9% од БДП.
Следниот месец според календарот на задолжувања на Министерството за финансии се предвидени 3 аукции на домашниот пазар.
Васко Маглешов