Дрекслер Мајер ќе отвори 4.000 работни места во Македонија

Од:

Германската компанија Дрекслер Мајер во понеделник со Владата ќе го потпише договорот за почнување со реализација на инвестицијата во Република Македонија вредна 30 милиони евра. Компанијата ќе отвори фабрика за производство на делови за Мерцедес, која ќе вработи 4.000 лица. Ова го најави премиерот Никола Груевски, кој рече дека станува збор за инвестиција која директно ќе вработи луѓе во кавадаречкиот регион, односно од Негоитно, Демир Капија, Кавадрарци и сите населени места што гравитираат кон овој регион.

Тој потсети дека оваа инвестиција е резултат на процес кој се води подолг период, а последната средба со оваа комапнија ја имале на Роуд шоуто во Германија каде организирале и посебна работна средба со раководството на компанијата. На таа средба биле поставени многу прашања за детали со кои тие можеби ќе се судрат во иднина. Комуникацијата ја продолжиле и потоа, за да финишира во понеделник со потпишување на договорот со кој постепено ќе се вработат 4.000 луѓе, посочи премиерот Никола Груевски.

 

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи