Драгасакис се сретна со претседателот на ЕЦБ Драги

Од:

Грчкиот заменик-премиер Јанис Драгасакис синиќа се сретна со претседателот на Европската централна банка Марио Драги во Франкфурт.

Според ЕЦБ, двете страни разговарале за актуелната состојба на грчката економија и го разгледале напредокот во преговорите кои се одвиваат во Брисел, додека Драгасакис додаде дека договорот е „реална цел“.

– Имавме конструктивни разговори со Марио Драги. Разговаравме за состојбата на грчката економија и за напредокот во преговорите. Грчката делегација на господинот Драги му го изрази ставот дека постигнување договор е реална и видлива цел, под услов сите институции да дејствуваат конструктивно , рече Драгасакис по состанокот на кој присуствуваше и заменик-министерот за меѓународни економски односи Еуклид Цакалотос.

Други владини извори исто така потврдија дека состанокот се одржал „во добра клима“.

Средбата се одржа само еден ден пред управниот совет на ЕЦБ да одлучи за тоа дали уште повеќе да ја прошири помошта за итна ликвидност во Грција, и покрај шпекулациите дека и ЕЦБ ќе врши притисок врз Атина. Грција, сепак, се надева дека ќе ја убеди ЕЦБ да ја зголеми својата горна граница од од 15 милијарди евра за нивото на грчките државни записи кои може да се издадат и да им овозможи на локалните банки да ја зголемат нивната изложеност на овој вид на долг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он