Со дополнета Стратегија за туризам и промена на законската регулатива до целосно искористување на домашните туристички потенцијали

Од:

Работна група составена од претставници на Министерството за економија, локалната самоуправа, планските региони, факултетите за туризам и угостителство, Државниот пазарен инспекторат, стопанските комори и приватниот сектор ќе ги дефинира измените на законската регулатива за туристичка и угостителска дејност. Ова е заклучокот од првата панел дискусија на тема измена и дополнување на законската регулатива која се одвиваше во рамки на Конференцијата за развој на туризмот во Република Македонија, во организација на Министерството за економија, а ја водеше раководителот на секторот за туризам и угостителство, Беким Хаџиу.

Предлозите од бизнис заедницата по Законот за туристичка дејност вклучуваат ограничување на важноста на лиценците за туристичка дејност на 3 години, можност за воведување на нова лиценца за тур оператори, осигурување на аранжмани, лиценци за туристички водичи со рок на важност, зајакнување на контролите за нерегистрирани агенции и водичи со цел спречување на нелојалната конкуренција.

Во врска со Законот за угостителска дејност меѓу предлозите се вбројуваат измена на правилникот за категоризација во насока на вреднување на услугата, категоризација на сите угостителски објекти за сместување и за исхрана со посебни правилници за услови, вклучувајќи ги и новите форми кои досега не биле опфатени, регулирање на продажбата преку онлајн оператори, воведување на електронски систем за пријавување на туристи, регулирање на таксата за привремен престој, зајакната контрола на нерегистрираните угостителски објекти и сл. Притоа, усогласените измени на законската регулатива треба да бидат предложени до Владата до првата половина на февруари идната година.
Во однос на втората панел дискусија на тема Стратегија за туризам до 2021 година беше договорено стратешката рамка која поставува солидни основи за развој на туризмот да биде дополнета со дефинирани предлози кои ќе бидат доставени од бизнис заедницата до крајот на овој месец, после што ќе се одржи уште една заедничка работна средба за усогласување на предлозите и изработка на финален текст на Стратегијата.

Во рамки на Конференцијата за развој за туризмот Деканот на Факултетот за туризам и угостителство, проф.д-р Цветко Андреевски ја презентираше анализата за обезбедување на податоци од областа на туризмот и проекција на идни показатели. Истата беше многу позитивно прифатена од сите учесници на конференцијата, кои ја оценија како многу корисна за проекција на идните проекти во областа на туризмот и угостителството.

Во официјалниот дел од конференцијата, чија цел е на едно да се соберат сите чинители на туристичкиот сектор во Република Македонија за да продискутираат за идните чекори во оваа област, осврт на состојбите во домашниот туризам даде и државниот советник за туризам и угостителство во Министерството за економија, Шовкет Хазари.

Нагласувајќи ја нагорната линија што ја бележи туристичкиот сектор, во кој во последните осум години има раст од 100 проценти, тој истакна: „Сепак, во целосното искористување на туристичките потенцијали во Македонија, ние се соочуваме со предизвици кои се однесуваат на подобрување на локалната туристичка инфраструктура, но и на пристап до квалификувана работна сила и подобрување на квалитетот на услугите во туристичкиот сектор. Целта ни е како министерството во соработка со приватниот сектор да работиме на детектираните предвизвици за видно подобрување на туристичката клима во Македонија и да дојдеме до три милиони ноќевања или еден милион посетители. А во моментов имаме околу 900 илјади евидентирани гости“.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ