Долговите на Грција кон меѓународните кредитори

Од:

Грција, која утре може да прогласи банкрот во врска со долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), на официјалните кредитори им должи 242,8 милијарди евра (271 милијарди долари), а најголем доверител е Германија, покажуват пресметки на Ројтерс, кои се пренесуваат во Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, сумата вклучува кредити, направени како дел од двете спасувачките програми на европските влади и ММФ по 2010 година, чија номинална вредност засега е 220 милијарди евра. Дел од нив се исплатени. Тука влегуваат и државните обврзници кои ги чува Европската централна банка (ЕЦБ) и националните централни банки на земјите од еврозоната.

Приватни инвеститори држат грчки државни обврзници во вредност од 38,7 милијарди евра по големото отпишување на долгот и кредитниот своп во 2012 година, што ги намали грчките долгови за 107 милијарди евра, а вредноста на долгот на приватниот сектор за околу 75 проценти.
Грчката Влада пушти краткорочни државни обврзници во вредност од 15 милијарди евра, воглавно за грчки банки.

ММФ на Грција и вети вкупно 48,1 милијарди евра, Од тие средства 16,3 милијарди евра требаше да бидат платени до март 2016 година, ако Атина успешно ја спроведе втората економска програма за стабилизација. Земјата треба да го врати долгот до крајот на овој месец, и користи нејасна одредба на ММФ за собирање на четири исплати во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра, кои ќе бидат исплатени на крајот на месецот. Постарите долгови кон ММФ се со каматна стапка од 3,5 проценти, што ја надминува камата на спасувачките кредити од еврозоната.

Европската централна банка има околу 18 милијарди евра грчки обврзници, кои најверојатно ќе чинат само дел од номиналната вредност ако земјата ја напушти еврозоната. Рокот за отплата на обврски во вредност од 6,7 милијарди евра истекува во јули и август.

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги неодамна изјави дека грчките банки од Банката добиле 118 милијарди евра ликвидни средства, вклучувајќи 89 милијарди преку програмата за итно финансирање-ЕЛА.

Владите од еврозоната и дадоа на Грција 52,9 милијарди евра билатерални кредити во рамките на првата спасувачка програма, договорена во 2010 година, позната како Грчка кредитна линија.

Според втората спасувачка програма, договорена во 2012 година, Атина досега добила 141,8 милијарди евра од спасувачкиот фонд на еврозоната. До крајот на месецот, ако ги исполнеше условите, Грција требаше да добие уште 1,8 милијарди евра.

Обврските кон Германија, која е најголемиот член на еврозоната, изнесуваат 57,23 милијарди евра, кон Франција – 42,98 милијарди, кон Италија – 37,76 милијарди и кон Шпанија – 25,1 милијарди евра. Земјите од еврозоната веќе го продолжија доспевање на кредитите за Грција од 15 на 30 години и ги намалија каматите на некои долгови до 0,5 базични поени над цената на кредитирањето.

Тие исто така воведоа десетгодишен мораториум на грчката исплата на каматата од вториот заем за спас од спасувачкиот фонд на еврозоната. Грција побара од Европејците дополнителни олеснувања за кредитите – чекор што беше поддржана од ММФ. Владите од еврозоната сепак рекоа дека ќе разговараат за ова прашање само ако Атина дополнително го затегне својот буџет.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија