Долгот на српските граѓани за кеш кредити се зголемил на 60 милиони евра

Од:

Кредитната задолженост на граѓаните на Србија од почетокот на годината до крајот на мај се зголемила за над 11 милијарди динари (95 милиони евра), и изнесувала 627,41 милијарди динари (5,6 милијарди евра), покажаа податоци на Здружението на банки на Србија (УБС).

Во првите пет месеци од годинава, долгот на граѓаните за станбени кредити се зголемил за околу 2,5 милијарди динари (22 милиони евра), додека во истиот период задолженоста на граѓаните најмногу се зголемила врз основа на кеш кредитите – за околу седум милијарди динари (60 милиони евра), наведено е на сајтот на УБС.

Во исто време, според податоците на Здружението на банки на Србија, доцнењето во отплатата на кредити исто така расте. Така во првите пет месеци од 2014 зачестува доцнењето во отплатата подолго од 60 дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски