Доларот на највисоко ниво кон јенот за седум години

Од:

Курсот на доларот достигна во вторникот ново највисоко ниво во последните седум години кон јенот, по вестите дека јапонскиот премиер веројатно ќе го одложи планираното зголемување на данокот на додадена вредност.

Курсот на доларот достигна 116,02 јени, зајакнувајќи за 0,9 отсто во споредба со затворањето на берзите од претходниот ден.

Доларот со тоа се искачи на највисоко ниво во однос на јенот од октомври 2007 година.

Истовремено курсот на еврото падна во однос на доларот за 0,1 отсто, на 1,2409 долари, што е близу најниско ниво за две години од 1,2358 долари, на кое се спушти минатата недела.

Би можело да ве интересира

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Измамник прелажал двајца мажи, одзел пари и автомобил

Горан Наумовски

КС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието

Предраг Петровиќ

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски