Договорите со странските инвеститори ќе станат достапни за јавноста

Од:

Договорите со старнските инвеститори во економските зони во земјава ќе станат достапни ја јавноста. Владата на Република Македонија на седница вчера усвои барање за декласификација на сите договори склучени како државна тајна.

Владата, како што стои во соопштението од владината прес-служба, смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата што е точно договарано со странските инвеститори и поранешната Влада при потпишување на договорите за влез на комапниите во економските зони. Затоа, се додава, Владата усвои барање со кое се бара декласификација на сите договори склучени како државна тајна, коишто по спроведувањето на процесот на декласификација ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто