Директорот на „Газпром“ на средба со Ципрас

Од:

Дирерторот на „Газпром“ Алексеј Милер денеска во Атина ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас со кого, според официјалните најави, ќе разговараат за грчко-руската соработка за енергетски прашања.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, главна тема на разговор ќе биде новиот гасовод со кој ќе се пренесува гас од Турција преку Грција до централна Европа.

Пред состанокот со Ципрас, Милер ќе се сретне и со министерот за енергија и екологија Панајотис Лафазанис.

Инвестицијата за изградба на грчкиот дел од гасоводот „Турски поток“ се проценува на две милијарди евра, а неговата имплементација ќе ја подобри безбедноста на понудата за грчкиот пазар, ќе создаде нови работни места и ќе придонесе за подобрување на геополитички позиција на земјата, јавуваат грчките медиуми.

За време на дискусиите се очекува да се покрене и прашањето за постоечкиот договор со „Газпром“ за доставување на природен гас.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он