Димковски од МЗШВ до земјоделците: Да не се манипулира со цената на пченицата

Од:

Шефот на кабинет на министерот за земјоделство, Трајан Димковски, апелира земјоделците да не шират дезинформации околу откупната цена на пченицата. Сумата што ја посочуваат од седум до 8,5 денари, рече денеска Димковски, одговорајќи на новинарски прашања, се однесува на пченица за сточна храна, а не на онаа квалитетната, за лебно зрно.

Според Димковски, има млинови што ја откупуваат пченицата и за 11 денари, но се работи за род со висок квалитет. Ваква цена не може да постигнат земјоделци со по пет хектари жито, туку големите со 300 – 500 хектари.

– Доста е веќе со вакви изјави. Да не си играме и да не манипулираме со цената на пченицата. Тоа влијае негативно врз откупот, а го користат и трговците. Идејата е да добиеме квалитетен, конкурентен производ, а не веднаш да зборуваме за ниски цени за да се добијат дополнителни два денара поддршка. И да се договорат за повисока цена, производителите треба да премолчат, нагласи Димковски.

На квалитетно зрно, дополни, отпаѓаат нешто под десет отсто од вкупниот годинашен принос.

– Ова е сензитивно прашање кое се повторува со години наназад. Лесно се излегува и се кажува цена. Ако некој е засегнат и дава изјава дека цената е таа, потсвесно, има интерес цената да биде пониска. Сите изјави ги следев. Во последните десетина дена имаше три, едни велеа дека цената е седум денари, други дека е осум. Всушност тоа се однесува на пченица што се откупува за сточна храна. Цената зависи од квалитетот. Каков квалитет на лебно зрно ќе се испорача, таква цена ќе се добие, напомена Димковски.

Потсети и дека Министерството сака да работи отворено и транспарентно со сите засегнати страни.

– Да седнеме и да дојдеме до она крајното – цената. Секогаш коа ќе тргнеме од цената, значи нешто не е добро. Денеска, за кој било производ на интернет може да се видат цените, како се движат, колкави се трошоците, се, посочи шефот на Кабинетот во МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп