Димковски: Новите повици на МЗШВ и АФПЗРР се нова шанса за модернизирање на домашните бачила

Од:

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска ја посетија фармата „Агро Емини ДООЕЛ“ во селото Доленци, битолско која има успешно реализиран проект преку програмата за рурален развој.

За време на посетата на битолско Доленци, Димковски, истакна дека ваквите проекти се доказ дека политиките кои се сппроведуваат даваат резултати. Двата нови повици кои се објавени денеска, се дел од стратешкиот план за развој и подобрување на сточарството.

-Се надевам дека средствата наменети за сточарското производство, ќе бидат дополнителна мотивација кај сточарите, да ги обновуваат своите стада со набавка на говеда, овци и кози со висок генетски потенцијал како и да се поддржат овчарите преку субвенционирана плата, но и да се подобрат условите на пасиштата. Вложуваме не само во обновување на стадата туку и во развој и обновување на пасиштата. За таа цел, минатата година нашите пасишта за прв пат добија струја. Беа распределени 50 фотоволтаични панели низ целата држава, како и 150 метални водопоила, истакна заменик министерот во МЗШВ Димковски и појасни дека новите повици се нова шанса за модернизирање на домашните бачила, а сите заинтересирани можат да доставуваат документи до 4-ти јули.

Апликациите за набавка на педигриран добиток се поднесуваат електронски на www.ipardpa.gov.mk а на веб страната на АФПЗРР, може да се употреби и целата потребна документација како и Упатството за корисници.

–Сите заинтересирани, ќе можат да аплицираат за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо, со исклучок на расата Буша, како и педигрирани приплодни грла на овци и кози од признаени организации на одгледувачи. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник е 6.5 милиони денари, a повратот на средства се врши по претходно потпишан и реализиран проект, односно по потпишан договор и набавен добиток. Паралелно, од денес тече и повикот за субвенционирана плата за овчарите. Максималната финансиска поддршка е до 360.000 денари по лице, за не повеќе од 20 вработени, истакна директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Во селото Доленци присустуваа и претставници на подрачната единица на МЗШВ со седиште во Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата