Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии не води евиденција на согласностите за вработување

Од:

Продолжуваат заканите кон вработените, забраната за доставување документација и соработка, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа на прес-конференција соопшти дека од информацијата што ја добила по 11 дена може да се констатира оти Министерството за финансии не води евиденција на согласностите за вработувања и ангажирања во државните институции.

– Со ваквото известување и видно прикривање на податоци се буди сомнеж за сериозно попречување на организацијата на изборите и можно влијание врз граѓаните како гласачи. Несфатливо е како Министерството за финансии нема ваква евиденција и дали тоа значи дека не постои евиденција за тоа каде се трошат народните пари и колку средства се одлеваат од Буџетот и по кој основ, истакна Димитриеска Кочоска.

Според неа, ако тврдењето на Министерството за финансии е точно и ако навистина нема евиденција за согласности за вработувања, тоа укажува на сериозно прекршување на одредбите од Законот за архивски материјал и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документираниот материјал.

– Во периодот на преодната влада во 2015 година кога дополнителен заменик-министер за финансии беше Кире Наумов, по негово барање доставено до министерот за финансии податоците за издадени согласности биле навремено доставувани на начин на кој биле барани што потврдува дека во тој период кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ се почитуваа законите, а сега тоа не е случај, рече Димитриеска Кочоска, приложувајќи копија од допис и одговор на барањето на Наумов.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска