Димитриеска-Кочоска ги слушна барањата на сметководителите кои протестираа барајќи решение на проблемот со поднесување на завршните сметки

Од:

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска пред Министерството за финансии ги ислуша барањата на професионалните сметководители кои протестираа барајќи решение на проблемот со поднесување на завршните сметки за 2024 година.

„Го прекинав состанокот со Занаетчиската комора, којшто беше во тек, за да ги ислушам барањата на професионалните сметководители и замолив барањата во писмена форма да ги достават во Архивата на МФ со цел соодветно да постапиме“, рече министерката за финансии.

Таа воедно ги информираше дека веќе се поднесени законски измени во Собранието за да се премости настанатиот проблем, односно да можат да ги потпишуваат годишните сметки за 2024 година и сметководителите коишто се времено избришани од регистарот да можат нормално да продолжат со својата работа.

„За сите останати законски пречки, услови и ограничувања дополнително ќе разговараме со сите засегнати страни затоа што веруваме во отворениот дијалог и во посветената работа. И претходно во опозиција, и сега од позиција на министер за финансии цврсто ќе ги бранам своите ставови кои секогаш сум ги градела врз основа на исправното и законито работење, тоа така ќе остане и во иднина“, напиша министерката во објава на ФБ.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоскa: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард

А1он

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго: Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија

А1он

Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи, во претстојниот период поголема реализација на капиталните инвестиции

А1он

Димитриеска Кочоска: Имаме проблем само со една компанија која директно зависи од извозот во САД и сега тој проблем го решаваме

А1он

Димитриеска – Кочоска: Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација

СДСМ: Кочоска не се извинува, продолжува со својот манипулативен и арогантен однос