Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност носи нови економски предизвици, приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните

Од:

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порача министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на Комората на проценувачи на Република Македонија се одржува денеска во Охрид.

„Светот денес се наоѓа во период на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност, во кој меѓународните случувања сѐ посилно се прелеваат врз економските текови, трговијата и финансиските пазари. Во вакви услови, економиите функционираат во средина на постојани шокови. По пандемијата, енергетската криза, инфлацискиот бран и нарушувањата во глобалната трговија, денес се соочуваме со нов слој на геополитичка нестабилност кој ја отежнува предвидливоста на економските политики и бара постојана адаптација“, истакна министерката во обраќање на панел дискусија на тема “Обликување на иднината на проценувањето во услови на брзи промени”.

Министерката во своето обраќање нагласи дека главниот канал преку кој овие кризи се прелеваат врз светската економија се цените на енергенсите, кои во услови на неизвесност стануваат исклучително чувствителни на секое нарушување во снабдувањето.

Македонската економија, како мала и отворена, е директно изложена на предизвиците со кои се соочуваат и Европа и Светот, токму затоа е потребно внимание, затоа што секоја алка во синџиот е важна доколку сакаме да ги намалиме последиците.

Би можело да ве интересира

Од Владата тврдат дека Македонија е со една од најниските стапки на инфлација во Европа

A1on

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% потврдува дека економијата е на вистинскиот пат

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се сервисираат – скоро 1,5 милијарди евра доспеваат за враќање во 2027 година

A1on

Шведска нуди до 32.000 евра за доброволно враќање во матичната земја

Шпанија го засилува истражувањето на бакарот, Македонија сè уште не го користи потенцијалот од Иловица