Десертното грозје од Тиквешко го освојува и пазарот во Романија

Од:

Околу шест милиони килограми винско грозје се извезени преку царинската испостава од Кавадарци, информира денеска претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов.

– Во најголем дел станува збор за „вранец” како најзастапена црна сорта грозје во Тиквешко. Според нашите сознанија, се извезува во Црна Гора, но и во Албанија, БиХ. Во Србија се носи и мелено грозје или шира. Динамиката на извоз е приближно колку истиот период минатата година. Полека почна извоз и на најзастапената бела сорта „смедеревка”, рече Аризанов.

Годинава, додаде, првпат било извезено и трпезно грозје за Романија, со што полека се освојува и тамошниот пазар.

– Околу два милиона килограми десертно грозје се извезени само преку царинската испостава Кавадарци. Се работи за сортите „мишел палиер”, „рибиер”, „афусали”, „страшински”. Трпезното грозје од Тиквешијата како најголем лозарски регион во Македонија, патува најмногу за Русија, но и кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, додаде Аризанов. 

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за лозарите

Ана Ололовска

Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето

Горан Наумовски

Ковачевски: Постигнато историско зголемување на откупната цена за грозјето од 30%, земјоделството е приоритет во време на криза

Ана Ололовска

Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката

Ана Ололовска

Николовски: Историска поддршка за малите винарии, прифатено 61 барање за грантот до 10.000 евра

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Обезбедуваме значајна финансиска поддршка за производство и откуп на грозјето

Ана Ололовска