Во селото Маврово денеска ќе се одржат 12. Денови на овчарство.
На манифестацијата, традиционално, ќе се стрижат овци, ќе се дегустира овчо сирење и ќе има борба со пеливани.
Гостите ќе можат да пробаат овчарски грав и да ја погледнат изложбата на шарпланинци.
Вообичаено, на крајот ќе се бира најдоброто овчо бело сирење.
Деновите на овчарство ги организира Јавното претпријатие за стопансиување со пасишта, а поддржувач е Министерството за земјоделство.
На манифестацијата ќе се обратат заменик-министерот Благе Цветковиќ, претседателот на Регионалното здружение на овчари Меџит Амити и градоначалникот на Маврово-Ростуше Медат Куртовски.