Делови од Шуто Оризари и Козле утре без струја

Од:
Поради технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа , утре во период од 9  до 15 часот, без струја  ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците Брсјачка Буна во населба Шуто Оризари, а во време од 12  до 14 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците Козле, Стрезовска, Леринска, објектот на германската амбасада, како и останати стопански и нестопански објекти  во овој дел од реон Козле.
Во периодот од 8  до 12 часот, без струја  ќе останат дел од корисниците лоцирани на улицата Димитар Пандилов, а во време од 8 до 15 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците лоцирани на улицата Славејко Арсов – во околина на станбен објект број 60.
Овие прекини на напојувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во реонот.

Би можело да ве интересира

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ