Делови од Кисела Вода и Карпош утре без струја

Од:

Дел од корисниците од улиците „Рилски Конгрес“, „Банско“ и „Кратовска“ во општина Кисела Вода утре од 9 до 17 часот ќе останат без напојување со електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Во периодот од 12 до 15:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ број 65 во општина Карпош.

Утре струја ќе немаат и неколку скопски села. Од 8:30 до 14 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Стајковци, општина Гази Баба, од 9 до 15:30 корисниците од Агино Село, а од 9 до 15 часот корисниците од горниот дел на селото Копаница и од улицата 100 во Кондово, општина Сарај.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство