Делев: ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми просечната плата за 70 отсто, граѓаните очекуваат СДСМ да ги исполни ветувањата

Од:

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција кажа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ успеала да ја зголеми просечната плата за 9.190 денари и дека граѓаните очекуваат СДСМ да ги исполни ветувањата и просечната плата да достигне 30.000 денари.

„Просечната нето плата заклучно со месец март 2017-та година изнесува 22.445 денари. Во месец март 2006-та година просечна нето плата изнесуваше 13.255 денари. ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006-та до 2017-та година ја зголеми платата за цели 9.190 денари или за 70% повисока просечна плата.

Тоа е директен бенефит за граѓаните и подигање на животниот стандард на граѓаните.

Дополнително во моментов невработеноста е намалена на најниско ниво од 22.9% во историјата на независна Македонија. Или поточно невработеноста намалена е од 38% на 22.9% за повеќе од 15%.

ВМРО-ДПМНЕ изминатите години посветено работеше на економскиот раст и развитокот на македонската економија. Во време на светска економска криза која траеше неколку години, растот на македонската економија беше во континуитет во нагорна линија.

Поволните услови за инвестирање во Република Македонија, политиката за привлекување на странските инвестиции, воспоставување соработка помеѓу домашните и странските компании, и овозможување на домашните и странските фирми олеснувања за вработувањата и отворање на работни места, се само дел од политиките кои влијаеја на покачување на просечната плата во рок од 10-тина години за цели 70%.

Како една од главните економски гранки кои беа моторот на економијата и стопанството и најдиректно влијаеја за зголемување на просечната плата би ги издвоиле градежништвото околу 20-тина илјади денари, ИТ секторот 40-тина илјади денари и рударски сектор околу 30-тина илјади денари. Преку развојот на овие 3 гранки, како и стимулот за истите да можат побрзо да се развиваат, компаниите имаа можност во константа да ја зголемат платата во овие економски гранки.

Очекувањата на граѓаните се да продолжи и понатаму трендот на воведување мерки и реализирање на проекти за покачување на просечната плата, подобрување на квалитетот на животот, како и на нивниот животниот стандард.

Граѓаните очекуваат СДС да ги исполни ветувањата и да овозможи нови 64.000 работни места, и просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари исто така во првата година, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните исто така очекуваат и стабилна економија и годишен раст комулативно секоја година од 5%.

Граѓаните немаат никаква корист од најавите на СДС за уривање, блокирање и укинување. СДС мора да почне да испорачува тоа што го ветиле.

Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања“ изјави Христијан Делев на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски